Мајка ги запалила становите на синот, па се пријавила во полиција

Мајка ги запалила становите на синот, па се пријавила во полиција. Како што информира 54-годишната Љ.К. од Битола вчера во 21.00 часот дошла во охридската полиција и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола.

Становите се лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“  во Охрид и  на ул. „Питу Гули“ во Битола.

Пожарите биле изгаснати од страна на битолските и охридските пожарникари. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид.

Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и спалната соба.

Додека, пак, во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот оштетен бил и телевизорот.