![bebe](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/bebe-1.jpg?resize=620%2C350&ssl=1)
Таа на социјалните мрежи напишала апел луѓето да и помогнат да го пронајде својот син.
-Изгубивме осуммесечно бебе. Драги пријатели, ако некој го видел или има било каква информација, ве молам да ме контактирате веднаш – пишувало во постот на очајна мајка.
Овој пост е шеруван повеќе од 21.000 пати, по што изгубеното бебе се пронашло неповредено.
На социјалната мрежа Твитер отворен е налог каде луѓето објавуваат фотографии од луѓе кои исчезнале за време на нападот и се обидуваат да ги најдат.