Двајца жители на скопското село Батинци во вторникот вечерта со нож повредиле двајца соселани откако мајката на жртвите не им дала пари, соопшти Министерството за внатрешни работи
Во селото Батинци вчера околу 20 часот, лицата идентификувани со иницијалите М.Џ.и Н.А. дошле во куќата на 48-годишната С.Г. и со закана со нож и побарале пари.
Откако не им дала пари, заминале од куќата и околу 20,30 часот се сретнале со нејзините два сина, 29-годишниот Н.Г. и една година помладиот С.Г. и им побарале пари, по што со нож му нанеле убодна рана на С.Г. во пределот на грбот, а Н.Г. го расекле во пределот на лицето.
Повредените лица биле пренесени во Градската Општа Болница „Свети Наум Охридски“. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.