
Дека поп пејачката Мајли Сајрус ја обнови врската со актерот Лиам Хемсворт е стара веста, но овие денови таблоидите пишуваат дека парот тајно се венчал во Австралија.
Светските медиуми пренесуваат дека Хемсворт организирал тајна венчавка во родната Австралија, а интимната церемонија се случила на плажа.
И додека многумина претпоставуваат дека иницијатор за свадбата била Мајли, извор близок во парот за „Life&Style“ открива дека сепак актерот ја смислил целата церемонија.
Во тоа му помогнале двајцата постари браќа Крис и Лукм, а Мајли ја прифатила идејата.
Оваа вест сепак не е потврдена ниту од пејачката ниту од актерот.