Провокативната пејачка Мајли Сајрус направи сет фотографии за германското издание на магазинот „Вог“, а главната инспирација и била Мерлин Монро.
Дваесет и едногодишната Мајли направила секси фотографии кои никого не оставиле рамнодушен. Пејачката се фотографирала полугола во кревет со двајца мажи, алудирајќи на бурно поминатата ноќ.
Мајли не можела да дочека да ги види сите фотографии, па една од нив ја објавила на Твитер, за да ја заскокотка фантазијата на фановите.