Мајмунот Коко се враќа во Скопје, ќе добие ново живеалиште

Скопската Зоолошката градина конечно ќе почне со изградба на живеалиштето за шимпанзото Kоко, кој од 2009 година е на ресоцијализација во Холандија.

Живеалиштето треба да биде готово до крајот на годината и дотогаш треба да пристигне Kоко. Живеалиштето на шимпанзото Kоко ќе биде веднаш до живеалиштето на слоновите, кое се гради, пишува ДНЕВНИК.

Шимпанзото Kоко сега е здрав и весел и ќе се врати веднаш штом ќе биде готово новото живеалиште. Но, тој нема да се врати сам, туку најверојатно со уште тројца мајмуни, мажјаци.

-Kусо време по неговото раѓање, мајка му почина од туберкулоза, а тој остана сам во скопската градина и падна во депресија. Почна да си ги кубе влакната и да се удира на шипките од кафезот. Поради тоа, во април 2009 година, кога имаше 13 години, замина во Институтот за ресоцијализација на шимпанза „Алмере“ во Амстердам,  Холандија. По неколкугодишниот третман, тој е сосема излекуван и е во одлична кондиција, подготвен за враќање во Скопје, пишува весникот.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК