Мајнц го торпедираше Фрајбург

Во првиот натпревар од 28-то коло на германското фудбалско првенство Мајнц 05 на својот терен со 5:0 (3:0) го совлада Фрајбург кого го мина на табелата.

Првиот погодок за домашните го постигна Жан-Пол Боетиус во 20 минута, а потоа следуваше хет-трик на Жан-Филип Матета кој беше стрелец во 25, 33 и 77 минута, а во меѓувреме во 73 минута меѓу стрелците се впиша и Карим Онисиво.

Мајнц сега е 12-ти на табелата со 33 бодови, еден повеќе од следниот Фрајбург. На врвот е Борусија Дортмунд со 63 бодови, два повеќе од второпласираниот Баерн во пресрет на нивниот меѓусебен дуел во сабота во Минхен.

Покрај дербито на првентвото, во сабота се играат и натпреварите: Баер Леверкузен – РБ Лајпциг, Штутгарт – Нирнберг, Херта – Фортуна, Волфсбург – Хановер и Шалке 04 – Ајнтрахт Франкфурт. Колото во недела ќе го заокружат дуелите Аугсбург – Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах – Вердер.