Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Макдад ги нападна денеска курдските сили, истакнувајќи дека ја издале својата земја и ги обвини дека нивниот сепаратистички план и послужил на Турција како оправдување да се повреди суверенитетот на Сирија.
На прашањето дали Дамаск треба да го продолжи дијалогот со силите предводени од Курдите, кои Турција ги нападна за да ги протера од североисточниот дел на Сирија, Макдад изјави дека тие вооружени групи ја предале својата земја и извршиле злосторство против неа.
– Нема да прифатиме каков било дијалог или разговор со оние кои станаа заложници на странските сили… Нема да има упоришта за агенти на Вашингтон на сириска територија, објасни Макдад.