Македа: Поединецот не решава, се надевам дека ќе бидеме добра екипа

Македа ќе биде огромно засилување за Вардар сезонава

Македа во Вардар дојде од Нант и денеска тој со вардарци ги започнаа подготовките во новата сезона, во која црвено-црните ги очекува битка на четири фронта – ќе ги бранат трофеите во домашното првенство, ќе го напаѓаат фајнлфорот во Лигата на шампионите и ќе се обидат да го вратат во своите витрини трофејот во регионалната СЕХА-лига. Македа вели дека му седопаѓа Скопје и дека видел оти Вардар е сериозен клуб.

Македа е фасциниран од ракометната публика во Скопје
Македа верува дека Вардар е доволно моќен за конечно да заигра на фајнл-фор

Малку видов досега од Скопје, но тоа што го видов ми се допаѓа. Се гледа дека клубот е добро организиран, дека е сериозен клуб. Додека бев во Франција го гледав Вардар и видов дека салата е преполна, и тоа ме мотивираше да дојдам. Видов дека тука луѓето живеат за ракометот, вели Македа.

Шпанецот се надева дека Вардар ќе продолжи на патот да биде од година во година сѐ подобар.

Веќе го следев Вардар и во последните две години е сѐ подобар и подобар. Очекувам дека новата сезона ќе ја завршиме позитивно. Екипата треба да се уигра, има многу нови играчи. Пласман во ЛШ не зависи од поединецот. Се надевам дека ќе играме добро, дека ќе бидеме една екипа, една добра екипа и да продолжиме на овој пат да играме сѐ подобро и подобро и да бидеме сериозен конкурент на посилните екипи, додава Македа.

Репрезентативните колеги ќе понесат голем дел од товарот на Вардар сезонава
Репрезентативните колеги ќе понесат голем дел од товарот на Вардар сезонава

Македа во кариерата има играно за Барселона (2005-2007), Алкобендас (2007-2009), Арагон (2009-2012) и Нант (2012-2015). За Шпанија има одиграно 87 меча (214 гола), светски првак е од 2013 година, а бронзен од ЕП во 2014 година.