Според податоците коишто ги објави Европската комисија за растот на бруто домашниот производ (БДП) за замјите од регионот на западен Балкан вклучително и Турција, очигледно е дека само Македонија и Албанија не покажуваат никаков раст во тримесечниот период кој се совпадна со почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Европската комисија во четвртокот ги објави податоците во врска со остварениот раст на БДП за споменатите земјите во регионот во првиот квартал од 2020 година.
На листата Србија остварила најголем раст од 5 отсто во првиот квартал од 2020 година додека зад Србија е Црна Гора со 2,7 отсто, Босна и Херцеговина од 2,0 проценти, па Македонија со само 0,2 проценти, а на дното е и Косово со 1,3 отсто.
Според овие податоци повеќе од јасно е дека Македонија е на дното во врска со остварување на растот на БДП во првиот квартал од годината.