![friendly_people_personalvermittlung_bewerber](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/friendly_people_personalvermittlung_bewerber.jpg?resize=696%2C357&ssl=1)
Македонија се најде на четвртото место во светот кога станува збор за пријателско гостопримливи држави.
Листата ја објави Светскиот економски форум, а истражувањето се однесува на гостопримливоста и пријателскиот однос кон странците кои ги посетуваат земјите.
На првото место се најде Исланд, кој е совршен за туристите кои не се плашат од студеното време. На второто место се наоѓа Нов Зеланд, а на третото Мароко.
Рангирањето на гостопримливоста на земјите во светот е бодувано со оценки од 1 до 7, односно 1 за најнепријателски расположените домаќини и 7 за најгостопримливите. Македонија четвртото место го доби со оценка 6,7.
Македонците се оценети како гостољубив народ кој ги почитува туристите. Од нашите соседи, најдобро е рангирана Босна и Херцеговина, која се најде на 8 место, а најлошо е рангирана Бугарија, која е на листата на најнепријателски расположени земји, односно на 132 место.