Според последните статистички податоци цената на струјата во Македонија е најниска во Европа. Европските статистичари анализираат дека цената на електричната енергија во Македонија е пониска за 55% од европскиот просек.
Порталот „Лидер“ пишува дека просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови. Како што посочуваат од Евростат најскапа струја плаќаат Данците и тоа 29,8 евра за 100 киловат часови, а најевтина Бугарија со 8,7 евра за 100 киловат-часови.
Анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%. Во регионот поскапа струја има во Словенија, Хрватска и Црна Гора.
Цената на струјата во Македонија е меѓу најнсиките во Европа и во регионот, во услови кога во Македонија се повеќе се намалува домашното производство. Според последните податоци увозот на електрична енергија во вкупната потрошена електрична енергија достигнува околу 32%. Само за споредба Светската банка наведува дека увозот на електрична енергија во 2000 година изнесувал 5%. Ваквата увозно зависност се случува во услови кога македонските граѓани плаќаат ниска цена на електричната енергија која е субвенционирана односно за две третини пониска од просекот на Европската Унија, констатираат од Светска банка.
Што велат експертите?
Ако ги пратиме трендовите во минатото или да предвидиме што ќе се случува во иднина , можеме да забележиме еден тренд на намалување или цената на електричната енергија на берзите во регионот и на европските берзи, констатираат и експертите. Согласно правилата на Регулаторната комисија и согласно законите енергетските компании кои што го сочинуваат на електрична енергија, тоа се ЕЛЕМ; МЕПСО и снабдувачот ЕВН, на средината во јуни месец, на средината од секоја фискална година ги декларираат успесите или неуспесите во своето работење, трошоците и приходите и врз основа на анализа и методологија дефинирана и прифатена од страна на Регулаторната комисија а идентична како и сите земји од ЕУ, ќе излезе со свој став. Меѓутоа она што е значајно за граѓаните на Република Македонија е што минатата година Македонија е единствената држава во регионот, можам да кажам и во ЕУ која не ја зголеми цената за електрична енергија за своите граѓани.
Струјата поевтини за 0,25 отсто
Од денеска цените на електричната енергија за домаќинствата ќе се намалат за 0,25 отсто. Како што соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров, причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент. За домаќинствата тоа значи дека ако за струја плаќале 2 илјади денари месечно, сега ќе плаќаат 5 денари помалку. Крајната цена ќе изнесува 4,97 денари за киловатчас. Од цената на струјата, ЕЛЕМ добива најголем дел или 57%, ЕВН 44 проценти, а Мепсо 4 отсто.Во новите цени, Регулаторната комисија ги признала и загубите на ЕЛЕМ од 15%, а компанијата се обврзала да продолжи да ги намалува и во наредниот период. Регулаторите се задоволни што зголеменото производство и откуп на струја го намалил увозот на електрична енергија, кој изнесува 30% од вкупните потреби. Новата крајна цена на струјата за домаќинставата ќе важи до крајот на јуни наредната година. Ова е втора година по ред како поевтинува струјата за населението. Лани се намали за 0,33 отсто. Според последните податоци од Евростат, Македонија плаќа најевтина електрична енергија во Европа.
Повеќе од половина милијарда евра вложени во производство на електрична енергија
Универзитетскиот професот Христијан Мицкоски вели дека обновливите извори на енергија се значаен сегмент во политиките на владата, кога велиме значаен сегмент.
Во минатото односно пред 2006 година имаме нула производни капацитети кои што користат обновлива енергија, имаме нула мегават инсталиран капацитет, имаме нула гигават произведено количество на електрична енергија, меѓутоа од 2006 година наваму, сериозен пристап, темелен пристап, сериозна методологија подразбира и сериозни инвестиции во овој сегмент, а овој е многу значаен сегмент бидејќи е алатка во напредокот на Македонија во евро-интегративните процеси, односно ние мораме како држава да исполниме одредени критериуми покрај сите оние политички и останати и енергетски, односно до 2020 година одреден процент од производните капацитети да биде од обновлива енергија. Ние интензивно работиме во таа насока и денеска, ако ја направиме пресек ситуацијата на 31 декември 2015 година ќе видиме дека во Македонија се среќаваат производни капацитети кои користат разни видови на обновлива енергија, како што е водата, сонцето, ветерот, биомасата и така натаму. 31 декември 2015 година ние во Република Македонија имаме нови 58 изградени мали хидроелектрични централи, нови 58 мегават инсталирана снага и некаде 110 гигават часови произведена електрична енергија. Тоа е всушност резултатот по кој што се валоризира и кфантифицира еден проект дали е успешен или не. За нас инзорен е успешен бидејќи ако ги погледнеме статистиките од страна ДЗС, и ако заклучиме дека едно просечно семејство во Македонија месечно троши околу 500 киловат часови електрична енергија, тогаш овие 110 гигават часови електрична енергија произведени од малите хидроелектрични централи е еквивалент на 18 нешто повеќе од 18 илјади македонски семејства да ги задоволат годишните потреби од електрична енергија. Тоа се 18 илјади домови, каде нашите деца, ученици, домаќини и домаќинки, студенти подготвуваат своите домашни задачи, ги подготвуваат своите испити во домови осветлени со електрична енергија добиена од обновителни извори, меѓутоа тоа е еден мал сегмент кој што се однесува на техничката анализа, тука секако се присутни сонцето, ветерот, биомасата, меѓутоа да ја погледаме и другата страна, економските бенефити од овие проекти, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека овие 58 проекти се еквивалент на преку 100 милиони евра гринфилд инвестиции во енергетскиот сектор, ако на ова се додадат и останатите проекти доаѓаме до преку 200 милиони евра бројка дирекни инвестиции, домашни и странски. Имаме инвеститори од Германија, Австрија од Италија, Словенија, голем дел се домашни и така натаму.
Малите електрани ги градеа повеќе од 1500 градежни работници, секое утро повеќе од 300 млади инженери својот работен ден го започнуваа во машинските сали на овие мали хидро-електарни, притоа запознавајќи се со најновата технологија, запознавајќи се со процесот на управување на овие електо-енергетски објекти и ова претставува сериозна додадена вредност за нашата држава, станува збор за исклучителен проект, оваа влада работела и ќе продолжи да го подржува процесот во инвестирање на обновлива енергија, тоа значи сериозна додадена вредност за целата економија, рече Мицкоски.
Одржувањето на енергетските капацитети е исто така прилично динамичен процес, кој што бара сериозна подготовка, анализа и во енергетиката за разлика како во други области резултатите не доаѓаат од денес за утре, треба еден автер период ние што го викаме последователен период па да видиме како ќе бидат резултатите за неколку години од сега, често пати можеби повеќе и од 10 години, меѓутоа она што е значајно државата преку енергетските компании, најголемите производители а тоа е државната компанија ЕЛЕМ води сериозна сметка, прави анализа се подготвува, тековно ги одржува, реновира, реконструира, модернизира, а изминативе 10 години се вложени повеќе од пола милјарда евра од државните компании, рече Мицковски.