
Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион покажа дека на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име?“, 52,1 % од граѓаните одговориле негативно, а 47,9 отсто позитивно.
Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар – 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот.
Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули.
На прашањето дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име, против се 52,1 %, а за се 47,9 % од испитаниците. Според националната припадност на анкетираните, одговорите и на ова прашање меѓу Албанците и Македонците се сосема различни.
Кај Македонците против членството во ЕУ и НАТО со променето име се 71,7% (28,3 отсто се за), а кај Албанците тие проценти се – 94,7 отсто се за членство во ЕУ и НАТО со променето име, а само 5,3 отсто од анкетираните се против.
Кај другите националности таа бројка е – 55,5% се против, а 44,5% се за.