Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Македонска Каменица и преку својот фјсбук статус каде наведува дека тоа е убав град со срдечни луѓе загрижени за својата и иднината на нашата земја.
-Бев во Македонска Каменица. Убав македонски град, со срдечни и честити луѓе, загрижени за својата и иднината на нашата земја. Им реков дека власта ја посипа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза, со гнев. Направија да се гледаме низ нишан, нишанот на одмаздата. Владеат со страв и одмазда, наместо со работа и проекти.
Животот кој толку многу го ветуваа го заменија со црнила. Ветуваа живот за сите, испорачаа црнила за сите.
Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што:
-Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1500 евра, и нема ништо од тоа.
-Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод.
-Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема.
– Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис.Домашното стопанство е во криза.
-Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи.
-А можеби најцрн живот живеат земјоделците. Зголемувањето на даноците директно удира на поскапото производство кое ќе ја изеде и така малата заработувачка.
Луѓето ќе трпат за леб, а маката преку целата година нема да може да им се исплати. Нема земјоделец кој сега е задоволен, со повисоките и скриени даноци ќе се направи крах на земјоделството во Македонија. Македонија од земјоделска земја ќе се претвори во уништена земја.
Причините за овие црнила имаат име и презиме тие се викаат Зоран Заев и оваа корумпирана влада и затоа премиерот бега од дебата, стои во статусот на Мицкоски.