Христос Воскрес – Вистина воскресе. Возљубени чеда македонски овде во Брисел . Македонија е славна земја, Македонија е библиска земја. Со овие зборови им се обрати отец Боро од стумичката епархија на над стотината Македонци од повеке градови во Белгија, кои вчера во Македонската православна црква ,,Свети пророк Илија“, во Брисел го прославија најголемиот Христијански празник –Христовото Воскресение-Велигден.
По завршувањето на литургијата се причестија најмалдите, и сите кои ги издржаа 40 дневните Велигденски пости. Точно во 12 часот се кршеа Велигденските јајца кој преставуваат симбол на Христовото Воскресение. Одбележувањето на празникот е во организација на Македонската дијаспора.
Отец Боро ја најави иницијативата на македонците во Белгија за одржување на уште една служба во чест на Светите брака Кирил и Методија- јавува дописникот на Нетпрес од Брисел