Додека расте бројот на заразени од коронавирус во светот, а кај нас веќе постојат седум позитивни случаи, се чини дека стравот кај луѓето се повеќе се шири, но, очигледно не до толку оправдано за да се купуваат залихи од храна, како да сме пред воена состојба.
Уште кога во земјава се потврди првиот случај на коронавирус, испаничените граѓани масовно почнаа да ги празнат рафтовите во супермаркетите.