Французинот бил прободен со нож отпозади без никаков претходен инцидент или вербална расправија.
Полицијата информира дека францускиот турист и неговата жена биле на туристичка посета на местото Конорс кога еден човек почна да им се приближува. Без никаква причина тој човек во врат го прободел 33-годишниот Французин и избегал со својот автомобил. Шокираната сопруга го запрела првиот автомобил чии патници се обиделе да му дадат прва помош на францускиот турист и да го пријават случајот.
Автомобилот на Велески бил сопрен од полицијата, а тој избегал. Неколку часа подоцна со помош на хеликоптер Велески бил уапсен, јавија австралиските медиуми.