Македонецот на мобилен телефон во просек зборува по 3,5 часа месечно

Агенцијата за електронски комуникации пресметала дека Македонците секој месец во зборување на мобилен телефон минуваат во просек по 3,5 часа и уште половина час на фиксна линија.

Според последната анализа на АЕК, во првите три месеца од годинава македонските граѓани на мобилен телефон разговарале вкупно 1,33 милијарди минути што значи дека во просек, секој од регистрираните нешто под 1,9 милиони активни броеви на мобилен поминал 702 минути или 11,7 часа.

Ваквата анализа покажува дека корисниците секој ден во зборување на мобилен телефон поминуваат по 7 минути.

Се разбира тука не е пресметано времето кое на телефон го поминуваме во скролање по социјалните мрежи и сурфање по интернет сајтовите.