Бројот на македонски граѓани кои починале од коронавирус, заклучно со денешната статистика надмина 6.000. Оваа црна статистика ја стави Македонија на уште повисоко место на листата на „Worldometers“.
Во моментов Македонија е на загрижувачко високото четврто место во светот според бројот граѓани починати од коронавирус.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.
Со овој број на починати лица, се качуваме на една позиција погоре на црната листа. До вчера бевме на 5-то место по смртност.