![rakometna reprezentacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/rakometna-reprezentacija-1.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за Светското првенство кое наредната година од 12-ти до 29-ти јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.
Жрепката во Катовице донесе тешка непријатна група, во којашто македонските ракометари ќе се соочат со селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина.
Норвежаните веќе подолго време се при самиот врв на светскиот ракомет, додека „лалињата“ и „гаучосите“ се селекции кои никогаш не можете да ги потцените, селекции кои знаат да изненадат репрезентацјаа од највисок ранг. Избраниците на Лазаров своите средби од првата фаза ќе ги играат во Краков.
Првиот меч момците на селекторот Кире Лазаров ќе го одиграат на 13-ти јануари, и тоа против фаворизираната Норвешка, потоа на 15-ти јануари следува дуелот со Холандија, за да на 17-ти јануари со селекцијата на Аргентина.
Предвидено е мечевите Македонија да ги игра во ударниот термин од 20,30 часот, но секако дека е можно да дојде до измени.
Инаку првите три репрезентации од нашата група ќе „вкрстат“ со најдобрите три селекции од групата Е, а таму се Германија, Србија, Катар и претставникот на Африка.
Групи за СП:
А-Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора
Б-Полска, Словенија, Саудиска Арабија, Франција
Ц-Шведска, Уругвај, Африка (2), Бразил
Д-Исланд, Јужна Кореа, Унгарија, Португалија
Е-Германија, Африка (5), Србија, Катар
Ф-Норвешка, Аргентина, Холандија, Македонија
Г-Хрватска, САД, Африка (1), Африка (3)
Х-Данска, Африка (4), Бахреин, Белгија