Во втората половина од март, годинава, Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија.
Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план.
„Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство“, се вели во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот.