Македонската фудбалска репрезентација официјално кај Германија во квалификациите за Светското првенство 2022 година ќе ѝ гостува на 31-во март во Дуисбург.
И покрај тоа што, поради здравствените мерки од германската влада, постоеше можност за одигрување на натпреварот во Букурешт или Будимпешта, сепак на крајот и официјално известување од германската фудбалска федерација дека натпреварот, како што беше првично одредено, ќе се игра на „МСВ Арената“ во Дуисбург.
Претходно, за време на мартовскиот собир на селекциите, Македонија во квалификациите за мундијалот во Катар 2022, прво на гостински терен ќе игра со Романија на 25-ти март, а потоа на 28-ти март го пречекува Лихтенштајн во Скопје.