Македонија ќе има два сигурни претставника во АБА-2 лигата, откако официјално е потврдена листата на учесници во новата сезона во второрангираното балканско кошаркарско натпреварување.
Она што беше претходно познато, се официјализира. МЗТ Скопје и Пелистер ќе бидат дел од регионалното натпреварување во новата сезона.
Пелистер ќе биде четвртиот македонски клуб кој играл АБА2, по МЗТ Скопје, Работнички и АВ Охрид. Останати учесници во АБА2 лигата се Борац Бања Лука, Горица, Ловќен, Хелиос санс, Младост Максбет, Подгорица, Рогашка, Спарс, Сутејска и Војводина.
Во натпреварувањето ќе има уште два клуба кои ќе влезат со „вајлд-карти“. Тука може да конкурира екипата на Работнички, но сето тоа ќе зависи од тимот и од амбициите на центарци во новата сезона.