Македонија е пред асимилација, која ќе престане само со пораз на Заев

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.

Мицкоски потенцираше дека Зоран Заев не смее да разговара со бугарските политичари за нешто за кое нема легитимитет, ниту политички стекнат преку избори, ниту пак од македонските граѓани.

„Граѓаните на Македонија се наоѓаат во ситуација од која не знаат на каков начин може да се спречи целиот циркус кој Зоран Заев го приредув“, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев покрај тоа што преговарал во име на македонскиот народ, донесувал и заклучоци без притоа да разговара со политичките претставници во државата, бидејќи за круцијални прашања, како што посочи Мицкоски, одговорноста е голема.

„Историските моменти кои можеби различно се толкуваат, не значи дека треба да се препуштат и да се остават на секој што ќе побара, знаејќи дека со тоа губи македонскиот народ и Македонија“, додаде Мицкоски.

Опозизискиот лидер е сигурен дека овој процес на распродажба може да престане, но само на еден единствен начин, а тоа се парламентарни избори на кои Заев и СДСМ ќе доживеат дебакл, а потоа ќе ја препуштат државата на сериозни политичари.

„Народот е обединет и тој застана во одбрана на своето. Револтот го искажа преку протести, блокади на улиците, преку реакции на социјалните медиуми и на уште многу различни начини, а тоа покажува дека на овој разуздан клан предводен од Заев му доаѓа крајот. Избори мора да има и на истите избори народот ќе мора да одбере дали сака стабилна земја, земја на успеси и просперитет или земја која ќе тоне и понатака и покрај тоа што ќе губи граѓани кои ја напуштаат, ден по ден ќе губат и ден на сопствената историја, што претставува свесно самоукинување“, заклучи Мицкоски.