![koronavirus makedonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/koronavirus-makedonija.jpg?resize=628%2C411&ssl=1)
Во последните 24 часа од направените 997 тестирања на примероци, потврдени се 92 нови случаи на зараза со новиот коронавирус со што вкупната бројка инфекции со SARS-CoV-2 од почетокот на епидемијата во Македонија се зголеми на 15.090 лица, а регестрирани се и нови три смртни исходи од забилувањето Covid-19 кое овој вирус го предизвикува, а во истиот период оздравеле и 86 пациенти, извести Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во почетокот на епидемијата изнесува 15.090 од вкупно 157.519 тестирања, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.238.
Од тројцата починати во последното деноноќие, 35-годишна жена од Ресен починала вон болнички услови, додека 41-годишен пациент од Гостивар и 63-годишен од Дебар починале во болница.
Во болниците ширум земјата се хоспитализирани над 310 пациенти, од кои 53 се на кислородна поддршка.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирал 86 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6114, активни 754
• Куманово 1539, активни 262
• Дебар 260, активни 28
• Штип 1182, активни 106
• Прилеп 520, активни 152
• Тетово 1251, активни 124
• Струга 595, активни 65
• Велес 278, активни 26
• Битола 225, активни 42
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 51
• Гостивар 822, активни 136
• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 82, активни 30
• Крива Паланка 60, активни 20
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 89, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 31
• Берово 68, активни 46
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 28
• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 302, активни 46
• Кичево 286, активни 47
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 85
• Гази Баба – 82
• Аеродром – 112
• Карпош – 82
• Центар – 76
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 43
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 24
• Сарај – 20
• Арачиново – 14
• Илинден – 12
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-14