Македонската Дејвис Куп репрезентација ги заврши своите настапи на турнирот кој се играше во Улцињ, а тоа го направи со победа и опстанок во Третата Европска зона.
По почетниот пораз од домаќинот Црна Гора, македонската репрезентација во клучната пресметка ја победи Словенија, а денеска играше за опстанок во Третата зона.
Македонските тенисери ја завршија својата работа во двата сингл меча и воопшто не дојде до игра на двојки, па така нашата селекција избори опстанок во актуелниот ранг.
Денешен противник ни беше Дејвис куп репрезентацијата на Косово, над која отворивме со сигурна победа од 6:2 и 6:1, а затворивме со 6:4, 1:6 и 6:3.
Берк Бугариќ беше фуриозен и го надигра Мал Агуши со 2:0, додека Шендрит Деари требаше повеќе да се намачи против Јасин Јакупи.