Ептен крај на колумната
П.С.1 Само кај нас медиумите лажат без око да им трепне дека нема да се грееме оваа зима со мазут. Џабе лажење, во оваа држава има и луѓе што имаат информации. За 5 денари од кило (само мазутот така се мери) заработувачка и влез дневно на 30 цистерни со 25 тона носивост на мазут, па баш на некого во владата му е гајле што Скопје ќе биде светски рекордер во низа на денови со најголема загаденост и народот ќе голта сулфур. И да, искрено мислам дека Димитар Ковачевски не е крив. Туку тие ситните домашни говнари околу него задолжени за енергија. Па, ако јас знам дека до 31 декември оваа година има само „Макпетрол“ гас, како Вие не знаете? И како јас знам дека „Макпетрол“ платил во рубљи кон „Гаспром“ и цената е повисока од онаа во Србија, поради нашите тенкови и авиони за Украина. А да, сега е клучно да се пресметате со Мицкоски и да Ви помогнат лажговците од медиумите. Домашен говнар си е говнар. Но, уште малку.
П.С.2 Па, добро мајку му стара. Во претседателската вила Нивес Целзиус се сликала со Стево Пендаровски. И воедно ги бакнала гардистите. И тоа за одредени медиуми е скандал од невидени размери. Па, според овие медиуми, кои самите се ставија во позиција за синоним за простотилук, би напишале кодекс дека нашиот Претседател мора само да се појавува на некој Европрајд и тоа во импозантен стил. Нормално гол, кожни моторџиски чизми, гаќи со мотиви на македонското и европското знаме, пирсови на пупак, брадавици и усни шуплини, поврзани со стилизирано синџирче и фризура како Ванила Ајс и да ја пее на цел глас: Ајс ајс бејбеее.
Само да напоменам се случи јубилеј 30 години медиумски турнир организиран од Тони Митев, сопственик на Спортско Радио 90.3 ФМ. Јас во име на сите граѓани на Македонија од срце му честитам нему и на неговиот тим.
П.С.3 Моето мислење за раководството, пред се’ за Зоран Трајчевски и Лазо Петрушевски на АВМУ (Агенција за аудио и аудио визуелни услуги) за нивното антидржавно и спротивно на државничко делување на ВМРО-ДПМНЕ има да им го пренесам на следниве три фамилии:
- Мицкоски, Христијан е претседател на ВМРО-ДПМНЕ
- Јаковлески, Маноил Мане е основач на ВМРО-ДПМНЕ
- Мисајловски, Аце мора да знае кој е пријателот на СЈО
Почеток на колумната
Цитат од Лазар Колишевски и неговата книга за комплетно освестување на Македонија – „АСПЕКТИ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ“:
„НОБ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е КОНЕЧНА ИСТОРИСКА ПРЕСМЕТКА СО ГОЛЕМОБУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ“
Но, да преминеме на дефиницијата „Домашен Гомнар“. Веднаш Вие драги читатели си ги споменувате имињата на нашите политичари. Мицко, Таче, Стево прецедник, Али, Зија, Гаши, Касами, Стоиљковиќ. Стево градоначалник, Павле, Пенов, Данела, ова, она итн. И нормално без Груевски и Бранко не бива листава. Не, апсолутно Не. Овие напоменативе и оние останатите се само големи жртви на благороднициве со титула „Домашен Гомнар“.
Дефиниција за овие луѓе е следнава: Никаквец на македонски, Shithead на Англиски. Кратко, тоа се НЕЛУЃЕ.
Или пак ако впишеме Говнар ќе го добиеме следново толкување:
Оној кој безрезервно е заљубен во себе, неможе да состави реченица без „ЈАС“ или на крајот од краиштата зборува за себе во трето лице.
Ако слушаш вакви луѓе има да помислиш: „ЦАР“, а ако ги запознаеш подобро гледаш дека поголеми Гомнари од нив нема.
Е ова последново важи за нашите големи политичари кои се заљубуваат во ваков тип на Нелуѓе.
Во следниве две стории можам само да покажам како личат македонските напори во решавање на проблеми, а кои само ги загрозуваат нашите граѓани. Принципот е: Главата подлабоко во песокот. Е сега, што ќе се случи со задникот тоа зависи од моменталното расположение на противникот.
МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА
Во овие меѓудржавни односи Македонија се однесува како пијана кокошка. Големите аналитичари ја убедуваат јавноста со следнава фраза: Приказната е голема и мораме да проголтаме ако треба и камења и да кажеме што се вкусни!
Е другари, предавници и црепови (кои Ве користат Бугарите како боксерска вреќа, а на вас уште не Ви се верува) не иде баш како што сте наумиле. Прекрасни научници во делот на Општествени науки – Историја (Ацо, Тошо Ѓоко, итн), во неколку наврати ме предупредија на следниве три фази кои ќе се случуваат како дипломатска офанзива на нашите „браќа и сестри“ од Република Бугарија, а тоа е отварање на следново:
- Клубови
- Училишта
- Егзархија
Впрочем идејата на Милен Врабевски е од малку поодамна. На повеќе кандидати им е нудено да бидат главни. Сигурно е дека некогаш браќата од Охрид (Садам Хусеин- телекомуникационен менаџер и неговиот брат пропаднатиот застапник на „Леснина“, инаку другарчиња на ЉуБчо што беше Бичка) во еден Хотел ќе велат: Овде ќе се вее бугарското знаме и Охрид е Столица (главен град) на Бугарија. Па, и конзулот на Бугарија на еден погреб ќе се прави паметен повеќе од она што му дала природата интелегенција (патем има снимка).
Клучот е дека вистинските Бугари во Македонија пробаа две работи и на крај донесоа логичен заклучок спротивен на официјална Бугарија, која во немање интелегентни решенија пробува да се „курчи“.
Што пробаа Бугарите во Македонија:
- Ние сме Македонисти (сме се отцепиле од нив конечно во 1944 и сме си измислиле наша нација)
- Гоце Делчев е Бугарин, ама се борел за Македонија (пробаа така да го излажат и Претседателот на Македонија г-динот Стево Пендаровски)
Какви Заклучоци донесоа вистинските Бугари во Македонија:
- Економија и Инвестиции,
- Дека не се повеќе од 2.000
- Пасошите за Македонците од Република Бугарија со адреси на бандери е промашена работа
- И по можност да се однесува Бугарија на сличен начин како Србија.
Заклучок: Единствениот можен разговор со нашите соседи за добрососедство е во следниве чекори:
- Признавање за асимилација на над 200.000 Македонци (само од Пиринска Македонија, плус дополнителен народ од Тракија и Вардарска Македонија) по наредба на комунистичкиот диктатор Тодор Живков
- Признавање на сите наши војводи (околу 7.000) дека се Македонци, а ние нивните 2 (двајца) дека се Бугари
- Сите песни од наши автори и наше поднебје да се признаат дека се македонски, а ние да се извиниме за „Минаха години“ дека тоа воопшто не е фашистичка песна, напротив тоа е е една од најубавите стари градски песни
- Заедничка декларација Фашизмот да престане да биде вина, туку одговорност кон неговите жртви
- Признание од страна на Република Бугарија дека во времето на Жељу Жељев е рехабилитиран воениот злосторник и премиер на фашистичка Бугарија, Богдан Филов
- Признание од страна на Република Бугарија дека поранешниот претседател на Израел Шимон Перез ги отстранил сите споменици кои биле подигнати во чест на бугарски достојници кои спасиле Бугарски Евреи, а под притисок на Израелците со македонско потекло. И ова да го потврдат Горан Садикарио и Рашела Мизрахи
- Отварање на клуб Абдурахман Алити и Илинка Митрева, со признание за заштита на македонското малцинство во Бугарија.
- Целосен регистар со име и презиме на сите носители на пасош од Република Бугарија (кога ќе се појават лепотани и лепотици, папапапапа, башка имиња кои немаат никаква врска со бугарската историја, а многу повеќе со албанската)
Драги мои читатели има уште што да кажеме ние кои ја сакаме оваа наша држава.
Медиумски Лаги
Од почит кон голем број колеги ќе (идно време од глаголот ЛАЖЕ) пробам да бидам коректен кон носителите на функции на институции кои се најголемите лажговци кон сите медиумски работници и кои со своето непостапување ја загрозуваат иднината на нашата мила Македонија.
Основно правило во медиумите е следново: Медиумските закони се пишуваат за да ги решат проблемите на релација ДРЖАВА-МЕДИУМИ, ДРЖАВА-ГРАЃАНИ и МЕДИУМИ-ГРАЃАНИ.
За жал Македонија е заложник на арогантни, себични и исфрустрирани луѓе со несреќно детство и неизреализирана младост.
Драги читатели ќе Ви раскажам 3 (три) стории и веднаш полесно ќе разберете со кого си имате работа.
Сторија 1. Измамникот Младен Чадиковски заедно со Здржението на новинари на Македонија (значи напоменувам не сите), Синдикатот на новинари и медиумски работници ги излажаа „шапшалите“ од СДСМ дека со интервенција во еден член од Закон ќе биде забрането рекламирање на државни институции.
Драги читатели, Законот за јавни набавки вели сосема друго. Дозволено е.
Патем забраната која е фигуративна се однесува само на телевизии и радија. Значи за се’ друго нема никаква важност. Инаку се слагам дека мора да се збори исклучиво за сервисни информации кои се од сериозна важност за било кој граѓанин.
Затоа запамтете. СДСМ се шапшали, ама Чадиковски и неговите другарчиња имаат други антидржавни и парољубци идеи.
Сторија 2. Измамниците од Агенцијата за Електронски Комуникации молчат и ги мамат телекомуникациските оператори на странски и домашни телевизиски канали.
Премиерот на оваа држава го поздрави влезот на МТЕЛ на пазарот во Македонија, како и нивното спонзорирање на нашиот кошаркраски бисер КК Работнички. АМА…
Дали некој му кажа на Димитар Ковачевски – Таче дека треба да им ја пренесе на МТЕЛ следнава информација. Се крадат 120.000 претплатници по документација, официјални извештаи и официјални истражувања. Вкупно 20 милиони евра годишно. И тоа во континуитет од 14 години.
Сторија 3. Овој дел се однесува за коментирање на сите спортски канали на македонски и албански јазик. Во медиумите никогаш немало национализам и техничките достигнувања го дозволуваат идејниот пристап.
Целото мое знење има да го пренесам до Претседателот на Македонија г-динот Стево Пендаровски. И тоа до крајот на утрешниот ден, 23:59:59, преку неговиот Шеф на Кабинет г-динот Миле Бошњаковски.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес