![mickoski-ageler](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/mickoski-ageler.jpg?resize=696%2C431&ssl=1)
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.
-Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области, напиша Мицкоски на Фејсбук.