
Македонија и ова утро се гуши во загаден воздух.
Според мерните станици ширум земјава најзагадено е Кавадарци со 307 микрограми на метар кубен, а веднаш зад него и скопско Лисиче со 262 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.
Потоа следува Тетово каде загаденоста е 252 ПМ 10 честички на метар кубен, па Центар, Струмица и Ректорат.
Според светската страница која го мери квалитетот на воздухот „Аирвижуал“ Македонија ова утро се наоѓа во топ 10-те најзагадени земји во светот.
Нашата земја е рангирана на 9-тото место во друштво на Индија, Авганистан, Бангладеш, Русија, Австралија како и земјите од регионот.
На првото место ова утро се најде Босна и Херцеговина како најзагадена земја во светот, а Сараево најзагаден град.
Инаку со почетокот на Новата година Македонија непрестанато се гуши, додека властите вообичаено не мрднуваат со прст.