![vmro-dpmne-sediste5](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/vmro-dpmne-sediste5.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Македонија изгоре затоа што СДС ја оставија без опрема за гасење пожари и без луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозиоциската СДСМ. СДС 7 години не набави ниту едно возило за гасење на пожар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекна целосно девастирани институции.
Авионите за гасење на пожар не беа оперативни, немаше пилоти.
Со СДС државата целосно пропадна. Затоа што СДС имаше за цел само да ја ограбува и да се богатат поединци на грбот на народот.
ВМРО-ДПМНЕ во најкраток можен рок ги оспособи авионите за гасење на пожари, ја зајакна меѓуинституционалната соработка и се справи со пожарите.
СДС наместо да се извинат за ограбената држава, тие се радуваат мислејќи дека ќе спечалат политички поени, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.