Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон до УЕФА испратил понуда Европското првенство да се игра на стадионите ширум оваа земјата откако вакцинацијата таму зазема се поголем замав.
Во Англија се вакцинираа над 20 милиони луѓе и се верува дека вакцинацијата ќе помогне значително да се намали ширењето на коронавирусот. Наскоро целата земја ќе излезе и од карантинот во која е долг период.
Планот е навивачите во Англија да се вратат на трибините на 17 мај и тоа во солиден капацитет, а целосно би се вратиле на трибините кон крајот на јуни, што значи дека ќе може да има присуство на навивачи на трибните.
Засега не е донесена конечна одлука и останува првичниот план, во Англија да се одиграат само полуфиналните средби и финалето кое е закажано за на легендарниот стадион „Вембли“.