Македонија е рангирана на 38 место на листата на најмирни земји во светот за оваа година, објави Глобалниот индекс на мирот (Global Peace Index).
Рангирањето се базира на 23 различни фактори.
Од земјите во поблискиот регион Бугарија е на 26 место, Црна Гора на 35 место, Грција е на 40 место, додека Албанија е на 42 место.
Србија е на 54 место, Косово е на 56 место на листата, додека Босна и Херцеговина е на 61 место.
Во регионот во оваа категорија, најдобро котира Словенија која е рангирана меѓу 10 најмирни земји во светот, годинава рангирана на 9 место. Во првите 10 најмирни земји во светот дури 7 се во Европа. Исланд е на првото место 16 години по ред, а по него во Топ 10 следуваат: Ирска, Австрија, Нов Зеланд, Сингапур, Швајцарија, Португалија, Данска, Словенија и Малезија.
На дното на листата како наjопасни за живеење се Судан и Јемен на 162 и на 163 место. Украина кој веќе две години е во војна по руската агресија, е рангирана на 159 место.