Македонија најнекорумпирана во време на ВМРО-ДПМНЕ, со највисоко ниво на корупција по доаѓањето на власт на Заев

По повод денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата (9 декември), Транспаренси Македонија ги сподели резултатите од истражувањето за Индексот за интегритет на владите во одбраната.

Овој Индекс обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институциите на националната одбрана со оценување на секоја држава во пет клучни области: финансиска, оперативна, персонал, политичка, и јавни набавки.

Македонија првпат заедно со 14 земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) беше опфатена во програмата „Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана“ (Government Defence Integrity Index – GDI) на „Транспаренси интернешнл“. Индекс за интегритет на владите во секторот одбрана обезбедува детална оценка на ризиците од корупција во институициите на националната одбрана со оценување на секоја држава во пет клучни области на ризик: финансиска, оперативна, персонал, политичка и јавни набавки.

Македонија е оценета со просечна оцена 62 (оцена C) – умерен ризик заедно со Босна и Херцеговина, Естонија, Грузија, Литванија и Полска. Оценувањето по главните области на ризик за корупција за РСМ е: политички ризик – C – 66 бода, финансиски ризик – C – 59 бода, ризик на персонал – B – 79 бода, ризик од работење – D – 38 бода и ризик на набавка – B – 68 бода.

Просечна оцена за регионот е 48/100, што означува висок ризик од корупција. Црна Гора е оценета со висок ризик со резултат 32, а Азербејџан има резултат 15, со што влегува во категоријата критичен ризик. Високиот степен на транспарентност ја прикажува Латвија како најдобра во регионот со резултат 67, што означува низок ризик од корупција, и Република Македонија како втора рангирана во ЦИЕ со резултат 62, што означува умерен ризик од корупција.

„За да се постигне подобар напредок и да се зајакне доброто владеење во областа на одбраната, ‘Транспаренси интернешнл – Македонија’ ја повикува Владата да ја почитуваат независноста на Собранието и институциите за надзор и да им ги обезбедат информациите и времето што им е потребно за да ја извршуваат својата надзорна улога, да се зголеми ефикасноста на законот за укажувачи и да се гарантира транспарентен и ефективен пристап до информации, како и поголема транспарентност во врска со информации во областа на националната безбедност – изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнл – Македонија“.

По повод овие податоци, социјалните мрежи зовреа од коментари.

„Transparency international го извади статистички по години нивото на корумпираност во државава.
Најниско корумпирана во време на ВМРО, највисоко корумпирана во време на СДС.
Посебно од доаѓањето на Заев на власт.
Затоа се и денешните кукања на Заев дека ќе почнел да се бори со корупција, осеќа кучето дека од секаде се стега обрачот.
СДС, ќе се распаднете како шумеќи ап у чаша вода после ова што и го правите на Македонија, напиша на Фејсбук“, Кристијан Јандриоски.