Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав, вели опозициската партија

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија.

-Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.