Српските политички челници излегоа со конкретни забелешки за, во најмала рака кажано, непримерно дејствување од страна на македонските служби во однос на српските дипломати во земјава, а прозваната Влада на Зоран Заев сеуште молчи, очекувајќи веројатно одговорот да и’ биде напишан од нарачателот на нејзините (не)дипломатски активности, а истовремено од Атина пред претстојната посета на нејзиниот шед а Во понеделникот српскиот печат излеза со наслови: „Заев, ни заби нож во грб“, „Заев и’ објави војна на Србија“, „Македонските служби следеле и заплашувале српски дипломати“, „СКАНДАЛ: Македонците го прислушувале дури и Вучиќ“. Во текстовите се обвинува македонската влада дека ги следела и прислушувала српските дипломати.
На што претходеше нанадејната одлука на Белград да ги повлече на консултации сите припадници на персоналот на српската амбасада во Белград?
Владата на Заев којашто упорно трет ден по ред молчи, се обиде преку своите медиумски инсталации да го релативизира овој потег на српската страна, во кој неграмотни дипломатски наводни аналитичари ќе перцепираат дека станува збор за потег „без преседан“ во односите меѓу двете земји во повлекување на дипломатите од Скопје.
Но, многу брзо шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, упати многу прецизна порака до властите во Скопје „дека треба да разберат оти во Белград знаат се“.
А, тоа е веќе вистинска преседан, кога една власт и нејзината дипломатија, заедно со разузнавањето добива порака од соседна земја дека „знае се што договарале или за што се договориле“, а тоа, како што наведе Дачиќ „е нешто што не им се прави на пријателите“.
Дали јазолот на прислушуваните разговори на Заев ќе започне да се одмотува од Белград
Имајќи ги предвид сознанијата на белградските медиуми, поткрепени и со дипломатските но многу прецизни изјави на српското водство, владата на Заев е фатена во еден многу непријателски чин кон странска држава: следење и прислушување на нејзините дипломати во Скопје, па дури и на нејзините врвни политички личности.
И тоа кога не може да го демантира тврдењето на Дачиќ дека „Не постои ништо врз основа на што би можело да се утврди дека Србија на каков било начин презела нешто против интересите на Македонија. Напротив, имавме предвид дека тоа е република од поранешна Југославија чиј континуитет Србија го продолжи со Македонија“.
Во ситуација кога една соседна држава прави дипломатски чекор кој претставува ниво на објавување отворено непријателство со обвинување на македонската влада за соучество во прислушување на соседна земја, одговорот на прес-службата на владата е во најмала рака дезертерски.
„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, неносејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“, се огласи владината служба за информирање во Скопје со безлично соопштение одбегнувајќи да ја одбегне суштината на интересот и на медиумите и на јавноста пошироко во регионот.
Клучното прашање на коешто ќе мора да одговори Заев е чиј разузнавачки сервис изигрувало македонско прислушување. Засега не може да се зборува за ангажираност на македонските тајни служби, бидејќи не е познато дали следењето на српските дипломати е воден преку нив или, пак, станува збор за поединци под контрола на партијата на Заев.
Но многу интригантен е делот од обвинувањата дека станува збор за разузнавачки активности и притосоци врз странски дипломати во полза на трета страна, во контектсот на „чадорот“ кој го овозможи поседувањето на прислушувани телефонски разговори на водечките личности од претходната македонска влада на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Верушевски и соработниците, сите протагонисти на сличната афера „Големото уво“ од пред 17-ина години. „Чадорот“ кој е всушност најзаслужена за забошотување на случајот „Пуч“, круцијалниот момент во кој преку судска постапка ќе се дојдеше до сознанија кој навистина, и особено со чиј благослов, прислушувал во Македонија. По што и буквално во власта е инсталиран Зоран Заев.
Оттаму, доколку бидеме сведоци на дипломската дрскост и смелост на Белград, кој според тврдењето на Дачиќ „знае се“, јавноста би трабело да биде, ако ништо друго барем од љубопитност, заинтересирана до каде води трагата на Заевото прислушување на српските дипломати и политичари.
Ефектот на политичкиот дилетантизам на тимот на Заев
Според се судејќи реакцијата на Србија внимателно е подготвувана подолг период во кој биле обезбедувани „докази“ и е сервирана правовремено во период кој е знсчаен за српските интереси и во контекстот на наводно поставување на предлогот за прием на поранешната српска јужна покраина сега Република Косово во УНЕСКО, од страна на Македонија. Меѓутоа, исто така, е малку веројатно дека во Белград би се решиле на ваков драстичен чекор, имајќи го сепак инструментариумот на билатерално дипломатско дејствување во спомената насока.
Сепак, како и да е, и без разлика на тоа кој какви емоции има кон Србија и кон сегашното тамошно раководство, јасно е дека станува збор за целосен дилентатизам од страна на Владата водена од СДСМ, или поточно на Зоран Заев. Неукост којашто се граничи со полтронство, како што веќе еднаш забележавме, кога ќе се имаат предвид ефектите од диломатијата што ја води сегашната власт во Скопје. Од „удриањето од земја“ од страна на Атина во поглед на наводното нејзино спуштање на сопствените „цревни линии“ во однос на одблокирањето на македонските евроатлантски интеграции, прифаќањето на платформа којашто треба на малцинска заедница со матица во соседството да ѝ овозможи да го дели суверенитетот на Република Македонија, до договорот за добрососедство со Бугарија, во кој и без разлика на најдобрите намери на Заев или неговите перцепции за „заедничката историја“ е исто така дилетантски од дипломатски апсект кога станува збор за заштита на интереси на една општествена групација како што е суверена и меѓународно призната држава каква што е Република Македонија.
Уште во периодот пред да го добие мандатот за составување на владата, кога во соседството Заев ја водеше кампањата претставувајќи се како политичар подготвен на компромис и соработка, по серијата гафови го поставивме прашањето Дали станува збор за толкав интелектуален капацитет или за всаден ментален склоп на полтронство на Заев кој со својата серија гафови, бездруго би предизвикувал меѓународни скандали.
А тоа, да повториме, е особено опасно во лесно запаливиот регион и особено што своето учество на политичката сцена лидерот на макдонските социјалдемократи го темели на поддршката однадвор, а не од граѓаните на сопствената држава.