-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.
-Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат. Билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, за туризам, за размена на know-how вештини, образованието итн. И тука тој процес има додадена вредност. Но, доколку билатералните разговори и преговори се однесуваат на идентитетските прашања, тогаш тој процес никако не може да заврши успешно, бидејќи е поврзан со емоцијата, а не со рационалното. Секој процес што е поврзан со емоцијата не може да се темели на напредок, на квалитет и на испорака на резултати. Затоа, замолив емотивните билатерални прашања да ги оставиме на страна и да ги читаме правилно договорите. И двата договора велат дека земјите-членки кои се втора страна, во едниот Грција, во другиот Бугарија, треба безусловно да нè поддржуваат. Никаде во Договорот за добрососедство не стои делот кој нас нè обврзува на уставни измени. Потребно е правилно да ги гледаме работите, на вистината да ѝ погледнеме во очи, а не онака нас како што ни одговара“, изјави премиерот Мицкоски за МРТ.
Тој нагласи дека и двата договора ветуваат безусловна поддршка од соседите за нашиот пат кон полноправна членка во Европската унија. Вели дека билатерална соработка треба да има онаму каде што има рацио, а билатерална соработка каде што има идентитетски прашања, не доаѓа в предвид.
Целото интервју ќе се емитува денеска во Дневникот во 17:00 часот.