Македонија од соседна Србија ќе добие најмалку 8.000 дози од вакцината против коронавирусот на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев според кој оваа помош била договорено во понеделникот утрото во текот на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на барањате од Скопје до соседните земји за првична помош додека се очекуваат да пристигнат дозите преку COVAX механизмот и договорените со дистрибуторот на оваа вакцина американски „Pfizer“.
Србија понудила да испрати најмалку 8 000 вкцини од нивните набавени дози од производителот „Pfizer“, соопшти Заев.
Рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека се очекуваат да пристигнат дозите преку Ковакс механизмот и договорените со „Pfizer“.
„Понуднета помош од Србија преку претседателот Вучиќ ја прифативме. Утрово разговаравме, а деталите ќе ги договориме во текот на денот. Се работи за околу 8.000 вакцини од ‘Pfizer’, а за другите треба да ги потврдат преку договорите што ги имаат дали е можно да ги дадат. Јас сум многу благодарен од името на македонскиот народ до Србија и до српскиот народ за овој чин на пријателство“, изјави Заев утрово пред судот каде беше на рочиште со новинарот Зоран Божиновски кого го тужи за клевета.
Заев рече дека во текот на денот ќе разговара со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за поединости за транспортот на вакцините, а најави и таков разговор на министрите за здравство.
Повтори дека првите кои ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници во ковид-центрите, а потоа сите останати кои се сметаат за ризични групи.
Во меѓувреме се очекуваат и првите договорени 5.850 вакцини од „Pfizer“ во февруари, што се дел од договорот за набавка на 800.000 дози за 400.000 граѓани, како и дозите што ќе пристигнат преку COVAX механизмот.