Поради непочитување на препораките, лекарка пред една седмица допатувала од Италија и е заразена со коронавирус, соопшти на денешната на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Минситерот истакна дека станува збор за директорката на клиниката за кожни болести.
Директорка на оваа клиника е докторката Нина Цаца Биљановска. Како што дознаваме, а и што може да се препостави од нејзиниот „Фејсбук“ профил, таа била на скијање во познатиот скијачки центар во Италија Алта Бадиа, Доломити. Фотографијата на нејзиниот профил е постирана на 28 февруари, годинава. Според сознанијата до кои дојде НетПрес, таа била во допир со пациенти, држела семинари на дерматолози, и две недели била на работа со корона вирус. Се заканува ли епидемија поради неодговорноста на медицинско лице кое ги знаеше сите препораки од министерството?!
Дали се знае точниот број на лицата со кои контактирала? Дали непромисленоста на стручно лице ќе предизвика поголеми штети, односно поголем замав на коронавирусот во нашата земја? Колку пацинети биле во контакт со неа? Колку колеги се ракувале и биле во непосреден контакт? Уште многу прашања во овој момент останува да висат во воздух.
Министерот Филипче на прес-конференцијата рече:
„Практично таа по враќањето од Италија пет работни дена одела на работа, а земајќи го предвид овој факт исклучително внимателно пристапуваме кон мерките на клиниката за кожни болести“.
Појасни дека жената по враќањето во земјава, на Клиниката немала денови во амбуланта, односно немала контакт со пациенти, што според министерот е мала олеснителна околност.
По извршените проверки на Клиниката ќе се одлучува дали целиот оддел ќе биде затворен, пациентите испратени на домашно лекување, а вработените во самоизолација.
„Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана, во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница“, рече во продолжение Филипче.
Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти.
Инаку Билјановска е сестра на наша позната судика.
Нејзиниот колега, докторот Ненад Лазаров, на ФБ пишува: „И тоа колеги ја пријавиле, не сама!
Па уште и претела со откази…
Министер, ја смени веќе нели“?