
Македонската фудбалска селекција историскиот пласман на Светскот првенство следната година во Катар ќе се обиде да го оствари во полуфиналето со актуелниот европскиот првак.
По жрепката во петокот попладнето во Цирих, во кој немаше лесни противници македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Во полуфиналниот натпревар на 24-ти март следната година Македонија ќе гостува во Италија.
Италија заедно со Португалија, европските прваци од 2016 година, беа посставени како носители во Групата Ц и ќе бидат домаќини на полуфиланите дуели. Португалија притоа ќе ја дочека Турција. Во финалето домаќин ќе биде селекцијата која која ќе биде подобра во дуелот меѓу Португалија и Турција.
Во Групата А беа вброени Шкотска, Велс, Украина и Австрија. Во полуфиналето ќе играт Шкотска – Украина и Велс – Австрија, а победниците од овие дуели ќе го играат финалето во кој домаќин ќе биде победникот од мечот Велс – Австрија.
Во Групата Б се Русија, Шведска, Полска и Чешка, а полифиналните двојки се Русија – Полска и Шведска – Чешка, а домаќин во финалето ќе биде победниот од дуелот на руската и полската селекција.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ:
група А:
полуфинале: Шкотска – Украина, Велс – Австрија
финале: Велс / Австрија – Шкотска / Украина
група Б:
полуфинале: Русија – Полска, Шведска – Чешка
финале: Русија / Полска – Шведска / Чешка
група Ц:
полуфинале: Италија – Македонија, Португалија – Турција
финале: Португалија / Турција – Италија / Македонија