Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски на вториот ден од посета на Рим, оствари средба со лидерот на шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и премиер на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
На средбата, присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата, како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура.
Соговорниците ја потврдија важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества, кои придонесуваат во економскиот и социјален развој на европскиот континент.
На средбата беше потенцирано дека социјалдемократските прогресивни политики треба да продолжат и понатаму, земајќи го предвид претстојниот изборен период во Макеоднија и во Европската Унија. Ковачевски на средбата истакна дека само со СДСМ, Македонија има јасна перспектива за европска интеграција, односно на воведување на европски стандарди и вредности.
На средбата Ковачевски истакна дека со Владата на СДСМ, во Македонија се зацврсти демократијата, владеењето на правото, дека се постигна напредок во реформата на правосудниот систем и се разви цврста пазарна економија. Претседателот на СДСМ Ковачевски, на средбата посочи дека директен резултат на овие политики на СДСМ, беше исполнувањето на стратегиската цел членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ. Ковачевски потврди дека со таквите политики државата покажа дека е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој на државата. Ваквата политика на СДСМ обезбеди подобар живот за сите граѓани во државата,истакна Ковачевски на средбата.
Лидерот на шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), и премиер на Шпанија Педро Санчез, на средбата оцени дека отворањето на преговорите со ЕУ е од големо значење не само за реформските процеси во државата, туку е важно и за актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и во Европа. Санчез ја поздрави конструктивноста во партнерството на Македонија со ЕУ во предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина, се наведува во партиското соопштение.