Македонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за ковид-19

На денешата 76-та седница Владата  ја разгледа и усвои Информација за можноста Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за ковид-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини

– Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец – соопштија од владината прес-служба.