Македонија со МВР на Спасовски стана оаза за пресметките на криминалните групи

Од секојдневната „борба“ со криминалот на власта и на министерот Оливер Спасовски, Македонија стана како земјите од Блискиот исток. Секојдневните пресметки на криминалните групи во државата, пуштање на слобода убијци кои не одговараат за свирепи убиства, Министерството за внатрешни равоти на Оливер Спасовски од Македонија создаде оаза за криминалците.

Во рок од еден ден Македонија и граѓаните беа сведоци на двојно убиство и самоубиство во Куманово, пукотници во „Ист гејт“ кон едни лице коешто се поврзува со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, како и дека Алил Демири е ослободен од косовскиот суд за петкратното убиство на Смилковско езеро.

По медиумите се прошири веста за Алил Демири дека е ослободен од косовскиот суд. Информациите за косовските медиуми ги потврдил адвокатот на Демири. Инаку Алил Демири треба да одговара за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Тој има доживотна затворска казна за тероризам која судот му ја изрече во отсуство. Освен за Демири, сѐ уште се трага и осудениот Африм Исмаиловиќ, кој исто така најверојатно се крие на Косово. Но, исто така адвокатот Бесник Бериша тврди дека сето она што го објави министерството за правда за Алил Демири е лага.

„Немаше полициска акција за негово откривање. Објавените информации дека косовската полиција заедно со македонската лоцирала и уапсила бегалец од правда е лага. Тие ја излажаа јавноста. Немаше полициска акција, немаше ниту потрага по Алил Демири“, вели за Телма телевизија Бесник Бериша адвокат на Алил Демири.

Од МВР и од министерство за правда сѐ уште рае молкот за случајот со Алил Демири.

Но, истовремено, попладнево пред 16 часот, две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со придушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје. Тој ѝ е познат на јавноста и се поврзува со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.

Македонската јавност, исто така, денеска беше и потресена од двојно убиство и самоубиство во Куманово. Имено, четириесет ишестгодишен кумановец со нож ги убил шест години помладата сопруга и нејзината мајка, а потоа скокнал од прозорец и се самоубил.

Сево ова се случува во еден ден додека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски реализира работна посета во Црна Гора и се фотографира. Инаку Спасовски е поврзуван со бројни афери за кои разврска се уште нема, како што е за пасошите кои се делеа на светските криминалци, „Рекет 1“, „Рекет 2“, итн.