Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија. Македонија е многу цврст партнер, билатерално и во мултилатералнои сојузи како НАТО и ОБСЕ, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој се наоѓа во посета на Приштина.
Изјавата на Ескобар на својата официјална страница на Facebook ja објави американската aмбасада во Скопје.
Ескобар претходно во средата порача дека Македонија е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ и Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ.
„Претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата“, изјави Ескобар на брифинг во Брисел пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.
Изрази надеж дека по изборите ќе се создаде можност да допатува во земјата, бидејќи, како што нагласи за време на сегашниот престој во регионот ќе биде посветен на актуелните прашања како оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.