Македонија веќе со 104 починати и над 1.800 заразени со коронавирусот

Во текот на изминатото деноноќие во земјата се регистрирани уште три смртни исхода од зараза со новиот коронавирус, со што вкупниот број починати од Covid-19 се искачи на 104 луѓе, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 60-годишна пациентка од Куманово, хоспитализирана на клиниката од 27-му април. Во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“ починале 59-годишен пациент од Струга, примен на 16-ти мај и 51-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 4-ти мај.

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на коронавирусот, и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 628, активни 152
•       Куманово – 416, активни 31
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-36, активни 2
•       Прилеп –200, активни 63
•       Тетово – 147, активни 79
•       Струга – 70, активни 4
•       Велес – 121, активни 50
•       Битола –27, активни 8
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –19, активни 2
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 2, активни 0
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 4
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2, активни 0
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1

Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.