Трагичен настан се случил во тетовското село Селце, јавува ТВ21. Синот ја убил мајка си со секира.
Како што соопшти портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Фатмир Реџепи, случајот во полиција бил изнесен денеска, во 8 часот наутро.
Полицијата веќе го уапсила 45-годишниот син со иницијали У.Д.
У.Д го изврши убиството на неговата 73-годишна мајка Н.Д., информира меѓу другото Реџепи. Телото на починатата е испратено на обдукција.