Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД.
Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори-Зафировски, програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмата за обука на извршните директори е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство преку внимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини. Таа е дизајнирана да овозможи проширување на разбирањетп за улогите, одговорностите и интеракциите на клучните функционални деловни области за да ви даде поголема доверба во управувањето со нив; зајакнување на способноста за интерпретација и примена на информации од функционални области за солидно, целосно информирано донесување одлуки;, предизвикувајќи го размислувањето со примена на нови концепти и пристапи за поагресивно натпреварување на глобалниот пазар, како проширување на светоглед со нови перспективи и практично знаење стекнато преку соработка со меѓународна група врсници. Ова ќе придонесе кон личен развој и раст на учесникикот, но и понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува Програмата за извршни директори – Зафировски уште од 2017 година. Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата. Досега во рамките на програмата се образовале над 40-тина македонски врвни бизнис професионалци од различни индустрии, кои се развија во влијателни и прогресивни членови на македонското општество.

Повикот е отворен до 1 април 2024 година.