Во средата, 19-ти јули 2023 година, започна третото издание на Охрид кампот
за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи до 25-ти јули 2023 година во Охрид.
Оваа година ќе им биде овозможено на 25 млади луѓе (од 11-15 години) од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата.
Дополнително ќе се работи на негување чувство на одговорност и зајакнување на младите луѓе да преземат акција кон одржлив развој преку промовирање на употребата на технологијата и усвојување на практики за одржлива енергија; подобрување на нивото на свест и разбирање за важноста на сајбер безбедноста за децата и, можеби најважно, ќе помогнеме во зајакнувањето на врската помеѓу младите Македонци од нашата земја и младите од дијаспората, и нивната земја на потекло, поттикнувајќи ги меѓукултурните размени и чувството за одговорност и враќањето кон заедница.
Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање, програмирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи
Kампот, како и претходните години, е под покровителство на Претседателот на државата г-дин Стево Пендаровски, кој и оваа година ќе биде домаќин и во убавините на претседателската вила „Билјана„ ќе се доделат сертификатите за учество на Кампот.
Организаторите им искажуваат огромна благодарност на нашите повеќе годишни поддржувачи: американската амбасада во Македонија, национална установа
„Охридско лето„, Алкалоид, Триглав Осигурување, Костал, ИтЛабс, ForestBar,
МакПрогрес (Vincinni), Фруктал МАК и индивидуалци од земјава и дијаспората кои ја поддржуваат нашата мисија. Од друга страна, кампот не и бил целосен без нашите програмски партнери, и тоа: Young Engineers (the Robotic & Innovative Academy), МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (Brainster и iSourse), и фестивалот Охридско лето. Само заедно, можеме да направиме значително влијание во зајакнувањето на вештините на младите таленти од социјално ранливи
средини, поттикнувањето на иновациите и обликувањето на посветла иднина за Македонија.
Повеќе за програмата и споделените искуства на учесници од изминативе
години може да најдете на следниот линк:
https://www.macedonia2025.com/ohrid-hi-tech-excellence-camp/.