Италијанскиот магазин „Motociclismo”, кој е еден од најстарите во светот, прослави 100 години постоење со патување низ Македонија.
По овој повод денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира средба со група од 12 моторџии меѓу кои и директорот на магазинот „Motociclismo”. Тие се во посета на Македонија, земја за која, како што велат, имa идеален амбиент за оваа турнеја и освен што е погодна за мото-туризам, има голема историја и туристичка идентитет.
– Македонија нуди специјални тури, различни од вообичаените, смета директорот на „Motociclismo“, уверен дека тие ќе бидат ценети и реализирани од страна нанивните читатели.