![elizabeta kanceska milevska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/elizabeta-kanceska-milevska1.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Македонија е една од ретките земји, ако не и едниствена, каде што Министерството за култура и Владата даваат силна поддршка во делот на издавачката дејност, рече ресорната министерка, Елизабета Канческа Милевска, во гостувањето на Дневникот на „Сител“.
„Мислам дека вакви акции со една благородна мисија треба да има многу почесто и секаде низ целата наша држава. Така да мене ми е посебно многу драго што акцијата ја поддржаа голем број на автори,писатели и уметници, а беа пристуни голем број на поддржувачи“, рече таа.
Владата даде сериозна поддршка, рече Канческа Милевска, во делот на книжевната литература на Македонија.
„Министерството за култура, како што напоменав предходно, во изминативе години даде силна поддржка во издавањето на публикациите на делата во делот на литературното творештво. Јас морам да кажам дека во изминативе години се поддржани над 4000 публикации“, потенцираше министерката за култура.
Со цел збогатување на библиотечниот фонд во земјава, како што рече, Министерствот за култура секоја година откупува публикации и дела.
„До сега имаме откупено над 40.000 публикации кои се дистрибуирани до сите библиотеки, а тоа е нешто многу важно“, додаде министерката.