
Секој четврти од десет возрасни имаат повисок крвен притисок, што често не се дијагностицира навреме. Хипертензијата лесно може да се утврди и лесно може да се воведе модификација на животен стил или терапија за соодветно регулирање на крвниот притисок, а сепак само половина од вкупниот број на луѓе со хипертензија се свесни дека ја имаат.
Таа е втор водечки ризик фактор за оптовареност со болест во земјите во развој, како и водечки фактор за мозочен удар и срцева слабост. Здравите ставови – здрава исхрана, намален внес на сол, зголемена физичка активност, одржување на здрава телесна тежина, намален внес на алкохол и престанок на пушење, можат да помогнат во борбата со хипертензијата.
Македонската асоцијација за хипертензија, заедно со Здружението на лекари по општа и семејна медицина го одбележуваат Светскиот ден за хипертензија во текот на целата недела.